Мартин Карапалевски официјално ќе го напушти Ваљадолид
По две сезони со „Сините гладијатори“, македонскиот ракометар Мартин Карапалевски (25) нема да биде дел на Ваљадолид за претстојната сезона 2026-27, објавија од шпанскиот клуб.
Препорачано
Средниот бек одигра вкупно 45 натпревари за Ваљадолид во лигата и купот, постигнувајќи 60 гола.
Атлетико Ваљадолид продолжува со планирањето на составот за претстојната сезона. Иако го потврдија континуитетот на голманот и капитенот Сезар Перез за две сезони пред новата година, сега го објавија заминувањето на Карапалевски, кој ќе го напушти тимот на Ваљадолид на 30 јуни.
Карпалевски, го облече дресот на шпанскиот клуб во летото 2024 година од поранешниот европски шампион, Вардар.
Со скопските „црвено-црни“ играше во ЕХФ Лигата на шампионите и Европската лига на ЕХФ, и со кои двапати ја освои титулата во македонското првенство, трипати во Купот, а исто така и еден трофеј во Суперкупот во текот на петте сезони со првиот тим на Вардар.
Тој е третиот играч од нашата земја кој дојде во Ваљадолид во последните сезони, заедно со Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски.


