Марко Трошановски: Тешко е да се испреговара нова преговарачка рамка за брзо време

Марко Трошановски/Фото: „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

Во интервју за „Слободен печат“ Марко Трошановски- претседател на Институтот за демократија  говори за темите кои преовладуваат во јавниот дискурс за време на претседателската кампања, но и во кампањите за парламентарните избори. Според него корупцијата, Охридскиот рамковен договор и членството во ЕУ се доминантни теми на кои се осврнуваат политичките актери.

-Членството во ЕУ може да создаде подобра основа во борбата со корупцијата, но работата сепак зависи и од домашните ресурси и подготвеноста на политичките субјекти за се справат со неа- вели Трошановски.

Во однос на ветувањата за промена на преговарачката рамка тој е песимист дека во краток временски период може нешто да се смени.

„Мислам дека е многу тешко да се испреговара нов договор. Тоа значи нова преговарачка рамка, а за тоа е потребна мобилизација на сите земји членки на ЕУ. Тоа од своја страна како прво бара голем капацитет на дипломатијата, но уште повеќе бара вие да сте битен актер во геополитичките релации, а ние не сме тоа. Нашиот единствен капитал е стабилноста затоа што најголемата грижа на сите меѓународни партнери е стабилноста на регионот и на земјата. Тоа е поважно и од тоа да имате пристапот на море или да имате посебните ресурси или пак иновации и нови технологии. Со таква стартна позиција во преговорите ние немаме услови да ја промениме преговарачката рамка“ вели Трошановски.

Отежнувачки околности според Трошановски се и европските избори кои претстојат со кои сите ќе бидат преокупирани.

Но првиот човек на Институтот за демократија Трошановски смета дека има други модалитет коишто можат да ја подобрат имплементацијата. Една од тие е одложената промена на уставните измени, а втора може да биде претставник на ЕК да има во историската комисија како надворешен набљудувач за да ја балансира асиметричноста во односите на моќ меѓу двете страни.

Според него тие две работи повеќе или помалку се остварливи но тоа бара многу силна дипломатска активност и одлучност на сите политички актери дома.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот