Марија Шерифовиќ ја менува професијата: Престанувам да пеам, станувам јутубер

YouTube: Скриншот

Популарната пејачка Марија Шерифовиќ која моментално не настапува поради ситуацијата со коронавирусот, се посвети на својата „нова кариера“, а тоа е „јутуберството“!

Марија го објави своето прво видео Јутуб видео на својот Јутуб канал кое го снимала цели 3 дена. Од одење на шминкер и фризер, подготвување за шоуто „Sвездите на Град“ , снимки со колегите, дружење, возење од една до друга локација се само дел од моментите кои се забележани во ова видео.

Кукли, бидејќи засега нема ништо од пеењето,  јас ја менувам професијата! Се надевам дека ќе уживате во ова видео и се разбира бидете безгрижни – напиша Марија во својата нова улога наречена „Престанувам да пеам, станувам јутубер“.

You Tube – сегмент од видеото на Марија

Секогаш забавна и спонтана новата јутуберка Марија Шерифовиќ се гледа дека ужива во „новата работа“.

Дали Марија ќе ја продолжи својата кариера како познат јутубер или ќе се врати на пеењето останува да видиме. Видеото е супер енергично, забавно и позитивно како и самата таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот