Маричиќ: Искуството кажува дека чекањето не ни ја подобрува позицијата

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања/Фото: Влада на РСМ

„Клучна е политичката волја. Веќе имаме искуство дека чекањето не ни ја подобрува позицијата“, изјави вечерва во гостувањето на телевизијата „21“ вицепремерот задолжен за евроинтеграциите, Бојан Маричиќ.

Тој вели дека проблемот со Грција не исчезнал, туку моравме да потпишеме договор.

„Ние условите не можеме да ги менуваме, тие се условите. Преговарачката рамка е таа, и од нас зависи дали ќе ни биде отворена вратата од ЕУ. Неправедна била ЕУ кон нас, бидејќи перцепцијата на граѓаните е дека треба да ги задоволиме апетитите на соседите кои веќе се дел од ЕУ. Но, факт е дека сите држави имаат билатерални спорови. Да не заборавиме дека Косово е дел од преговорите на Србија со ЕУ“, додаде Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот