Манијак влегол во стан на скопјанка кај „Бисер“ во Аеродром, жената раскажа за „блиската средба“

Зградите кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром / фото: Google Street View

Драматична и трауматична „средба“ со перверзен маж имала жителка на скопската населба Аеродром. Таа за „Слободен печат“ раскажува дека мажот се качил на нејзината тераса на приземјето од зградата во која живее, по ја отворил вратата од терасата, влегол во нејзиниот стан и почнал да се самозадоволува.

„Вторник, 28ми декември, бев сама во мојот стан на приземје позади Бисер каде и живеам сама. Имам голема тераса и двор. Излегувам на цигара некогаш навечер и секогаш ја заклучувам вратата од терасата. Овој пат не ја заклучив бидејќи знаев дека сум тука блиску и ќе излезам повторно. Половина час откако испушив цигара, ми се јави мајка ми, разговарав со неа, одејќи напред назад низ кујна-дневна. Наеднаш, без да слушнам ништо, гледам некој ја отвора вратата од тераса и ВЛЕГУВА ВНАТРЕ ВО СТАНОТ, ПРАВИ ЕДЕН МЕТАР ЧЕКОР, ПАНТАЛОНИТЕ СПУШТЕНИ И ПОЧНУВА ДА СЕ САМОЗАДОВОЛУВА. значи ова не е САМОЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ЈАВНО МЕСТО него е ВО МОЈОТ ДОМ, ЗНАЧИ Е И ПРОВАЛА. Јас почнувам да викам на цел глас целосно во шок од кој се уште се опоравувам, немам сили од шокот да направам ништо само викам а тој неколку минути продолжува да го прави тоа гледајќи надолу, нема никаква реакција на моето РИКАЊЕ И ПАНИЧЕЊЕ“, вели вознемирената жена.

Таа вели дека искуството го споделува за да ги предупреди жените во населбата и посебно во делот околу ТЦ „Бисер“ околу тоа што може да им се случи.

„Дури после одредено време откако почнав да мрдам-сакав да излезам надвор или да фатам предмет – тој набрзина излегува и забележувам дека во три чекори успева да ги прескокне и бетонската ограда од балконската тераса и оградата од дворот. Инаку дворот има висока ограда, но тој успеал да најде едно делче каде може да се прекачи, со помош на качување на трансформатор. Веднаш викам полиција, дојдоа, направија записник, рекоа отворен е случај ќе се трага лицето. Но не земаа отпечатоци, нити некој друг особен труд вложија, а и од досегашни кажувања и искуства не верувам дека нешто ќе се направи. За жал, не се сеќавам многу на ликот, но знам дека беше млад, висок околу 179 можеби, со темна јакна и капуљача и очигледно ме демнел, каков ми е дворот, кога сум сама дома, излегувам на цигара па и кога ја оставам вратата незаклучена (а во пет години тоа се случило само неколкупати)“, раскажува жената.

Таа додава дека полицијата била исто така збунета, бидејќи вакви типови на луѓе обично не влегуваат дома и тоа го прават на јавни места, улици, паркинзи, паркови, влезови.

„Жива среќа што не ме нападна, но тоа не го намалува стресот, јас веќе нема да можам да бидам сама нити ќе излегувам на тераса“, вели жената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот