Манџукиќ и официјално нов член на Милан

Со Хрватска беше финалист на Светското првенство во 2018 година/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ потпиша едногодишен договор со лидерот во Серија А со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Искусниот фудбалер ги помина лекарските прегледи уште во понеделникот, а веќе денеска Манџукиќ го задолжи „црвено-црниот“ дрес со бројот девет.

Манџукиќ во Милан доаѓа како слободен фудбалер откако ја прекина соработката со Ал-Духаил. Еден од првите фудбалери кои го поздрави доаѓањето на Хрватот во Милан е Златан Ибрахимовиќ.
– Среќен сум поради Марио бидејќи сега ние двајца ќе претставуваме страв и трепет за противничките одбрани – рече Ибрахимовиќ.

Ова за Манџукиќ ќе значи враќање во Серија А бидејќи пред да замине за Ал-Духаил, тој го носеше дресот на Јувентус. Претходно во кариерата има настапувано и за Динамо Загреб, Волфсбург, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот