Манчестер сити го има најдобриот играч во Премиер лигата (ВИДЕО)

EPA-EFE/Laurence Griffiths

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујн е најдобар играч во Премиер лигата за минатата натпреварувачка сезона 2019/20.

Играчот за врска кај „граѓаните“ стана третиот Белгиец во историјата на натпреварувањето кој е именуван за најдобар играч во најсилното англиско првенство.

Пред него тоа им успеа уште на Винсен Компани како играч на Манчестер сити и Еден Азар во дресот на Челси.

29-годишниот фудбалер Де Брујн постигна 13 голови минатата сезона во елитниот ранг на англискиот фудбал и со 20 асистенции го израмни рекордот во Премиер лигата кој го држи Тјери Анри од сезоната 2002/03.

Клубот од „Етихад“ ја заврши сезоната со 18 бодови помалку од шампионот Ливерпул, но Де Брујн го остави зад себе триото на „црвените“, Џордан Хендерсон, Садио Мане и Трент Александер Арнолд, како и напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс, Џејми Варди од Лестер и голманот Барнли, Ник Поуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот