Манчестер јунајтед ја раскина позајмицата: Серхио Регилон се враќа во Тотенхем

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер јунајтед одлучи спогодбено да ја раскине позајмицата на шпанскиот лев бек Серхио Регилон и затоа тој се враќа во Тотенхем.

Регилон се враќа во Тотенхем откако од ова лето беше позајмен во Манчестер јунајтед. По 12 одиграни натпревари, левиот бек не успеа да ги убеди „црвените ѓаволи“ да го задржат.

Во своето соопштение, Манчестер јунајтед го оправдува раскинувањето на оваа позајмица со „намалување на натпреварите во вториот дел од сезоната и враќање на повредени играчи“.

„Црвените ѓаволи“ всушност беа елиминирани од сите европски натпреварувања, а Лук Шо и Тајрел Маласија се вратија на тренинзите.

Минатата сезона клубот од „Олд Трафорд“ го испрати 27-годишниот дефанзивец и на позајмица во Атлетико Мадрид во чиј дрес запиша 11 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот