Манчестер Јунајтед изедначи уште еден негативен рекорд: Вакво нешто не им се случило 100 години

Фото: EPA-EFE/DAVID CLIFF EDITORIAL

Tимот на Манчестер Јунајтед никако не успева да излезе на вистинските патеки, напротив изгледа како да тоне во се подлабока криза. Во вчерашниот натпревар Вест Хем беше подобар од избраниците на Ерик Тен Хаг со победа од 0:2.

Овој пораз за Манчестер Јунајтед беше 13-ти во сите натпреварувања, а осми во првенството. Во овој момент, Јунајтед е на осмото место на табелата, а во декември остварија само уште една победа и едно реми.

До крајот на месецот Јунајтед го очекуваат уште два натпревари против Астон Вила дома и Нотингем Форест на гости.

Статистичката опсерваторија „Опта“ по вчерашниот натпревар на Јунајтед излезе со податок дека Јунајтед Божиќ имал 13 порази само во сезоната 1930/1931. Во таа година Манчестер Јунајтед претрпел тешки порази како 0:6 од Хадерсфилд и 4:7 од Њукасл.

ВИДЕО: Вест Хем за шест минути го „нокаутираше“ Манчестер јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот