МАМАВИЗИЈА | Јаневска: Помалиот син се роди со деформитет, среќа што во Македонија постојат врвни лекари
Пејачката Андријана Јаневска во „Мамавизија“ испрати силна порака до сите родители коишто ќе се пронајдат во нејзината приказна. Кога Јаневска се породила со второто дете, ја добила информацијата дека нејзиното бебе има деформитет на стапалата. Тоа ја исплашило, но не ја обесхрабрило, вели таа.
Препорачано
-Кога ми кажаа лекарите дека Кристијан има деформитет на стапалата. Јас само прашав „дали постои решение?“. Ортопедите сугерираа веднаш да се почне со процедура бидејќи детето нема да може да оди. Со Гино го носевме бебето во Охрид секој петти ден за да му ги исправуваат стапалата со специјални чизми. Кога имаше шест месеци, на Димитар му направија операција. Тој беше бебе што не може да лази како останатите, но среќа кај нас постојат врвни лекари и денес тој е во одлична форма – раскажува таа.
Во новата епизода на „Мамавизија“, имаме уште една позната мајка хероина, пејачката Андријана Јаневска за првпат јавно зборува за нејзиниот пат кон мајчинството. Ни открива како ѝ поминале првата и втората бременост, се присетува на денот кога се породила и со Димитар и со Кристијан, ни раскажа и за тоа како нејзините синови ги добиле имињата, вративме спомени и за нејзиното детство, за тоа каква била нејзината мајка…
Гледајте премиерно „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Автор и водител е Александра Вуксановиќ.


