Малкумина знаат за овој трик со мобилен телефон што помага да се пронајдат крлежи
Крлежите не се само непријатни паразити, туку и носители на опасни болести. Затоа е важно темелно да го прегледате вашето тело и телото на вашиот миленик секој пат кога сте надвор во природа, но понекогаш не е лесно да се пронајдат ситни крлежи. Постои еден трик со паметни телефони што може многу да го олесни пребарувањето, а малкумина знаат за него, објави „Индекс“.
Препорачано
Покрај вакцинацијата, што е важна превентивна мерка, се препорачуваат и редовни прегледи за луѓето и домашните миленици. Проблемот е што крлежите, особено во животинското крзно, често се тешки за забележување, па сопствениците ги забележуваат само кога веќе се нахранети со крв и пораснале поголеми.
Функцијата „лупа“ на вашиот паметен телефон може да помогне со ова. Но, не е доволно само да се зголеми сликата, клучот е да се вклучи опцијата за инверзија на бои. Кога боите се обратни, темните крлежи на кожата или во крзното стануваат светли точки што се многу полесни за забележување.
За да го користите трикот, не треба да инсталирате дополнителни апликации, бидејќи „Анроид“ и „Епл“ веќе имаат вградена функција за лупа со филтри во боја.
На „Андроид“ уредите, сè што треба да направите е да напишете „лупа“ (Magnifier) или „кратенка за лупа“ (Magnifier Shortcut) во поставките. Откако ќе ја отворите камерата, треба да го вклучите филтерот „инверзија“ (Invert) или „инверзија на боја“ (Color Invert).
На „Ајфон“, треба да ја отворите апликацијата „лупа“ (Magnifier), па да ја пронајдете иконата за филтер меѓу контролите и да ја изберете опцијата „инверзија“ (Invert).
Потоа, полека движете го телефонот преку кожата или крзното на вашето домашно милениче. Благодарение на инвертираните бои, крлежите треба да станат многу позабележителни.
Дури и бенките на кожата се јасно видливи како светли точки, што покажува колку овој метод може да помогне во пронаоѓањето крлежи.


