Малку недостасуваше новото фудбалско „чудо“ да ја утне професијата! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Youtube

Во неговите млади години пред сериозно да влезе во фудбалските води, Халанд се обиде да ги покаже музичките способности, поточно како „рапер“.

Новиот супер талентиран напаѓач, Ерлинг Халанд (19) оваа зима направи трансфер во Борусија Дортмунд, после одличните голгетерски перформанси сезонава во дресот на Салцбург.

Младата светска фудбалска „гол-машина“ која доаѓа од Норвешка предизвика огромно внимание во првиот дел од натпреварувачката сезона, за австрискиот клуб Салцбург реализираше 16 голови во 14 натпревари и осум погодоци во групната фаза од Лигата на шампионите.

Дојде за само пет милиони евра во Салцбург, а Австријците го продадоа за 20 милиони за трансферот во германската екипа на Борусија Дортмунд.

Во неговите млади години пред сериозно да влезе во фудбалските води, Халанд се обиде да ги покаже музичките способности, поточно како „рапер“.

На Јутјуб претходно се објави видео на кое се гледа како тогаш 16-годишниот Ерлинг рапува со останатите од својата група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот