Официјално: Халанд ќе игра за Борусија Дортмунд! (ФОТО)

твитер

Ерлинг Халанд одлучи да го напушти составот на Салцбург и од 3. јануари му се придружи на својот нов клуб, Борусија Дортмунд.

Норвешкото фудбалско „чудо“ ќе ја продолжи кариерата во Бундес лигата потпишувајќи договор на четири години со „милионерите“.

Како што тврдат од германската екипа, и покрај големиот број на понуди од врвни европски клубови, Халанд одлучи да се пресели во Дортмунд.

Од претходно е најавено дека Скандинавците би можеле да бидат хит во претстојниот зимски преоден рок, еве тоа почнува и да се реализира.

Оваа сезона младиот и талентиран напаѓач кој има само 19 години, за австрискиот состав на Салцбург реализираше 16 голови во 14 натпревари и осум погодоци во групната фаза од Лигата на шампионите.

– Сите можеме да очекуваме еден амбициозен, физички и психички силен централен напаѓач со изразен инстикт за реализација на погодок и импресивна брзина, би сакале да се развива и во Дортмунд. На 19-годишна возраст, Ерлинг секако започнува со надеж за одлична кариера – се зборовите на спортскиот директор Михаел Зорц кој ги водеше преговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот