Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Захарова: Мали се шансите Зеленски да победи на изборите – единствениот спас е „молдавското сценарио“?

Владимир Зеленски нема шанси легално да биде повторно избран за нов мандат, изјави за новинарите портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Зеленски очигледно сака да остане на власт. Во тоа нема сомнеж. Но, истовремено, никој не се сомнева дека тој нема никакви шанси легално да биде повторно избран. Ќе може да победи само користејќи го таканареченото молдавско сценарио, кое Западот веќе го тестира, а кое вклучува гласачи од украинската дијаспора што живеат во Европа, САД, Канада и други земји“, забележа дипломатката.

Захарова објасни дека тоа се однесува на истата шема која „сега се тестира под будното око на молдавската претседателка Маја Санду“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот