Малдини: Златан нема намера да се пензионира

Златан Ибрахимовиќ вели дека Оливие Жиру ќе биде најдобар стрелец на СП 2022/фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ кон крајот на сезоната мораше да замине на операција на лигаментите на коленото поради што нема да игра до крајот на 2022 година, но не планира да стави крај на кариерата.

Оваа вест ја потврди спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини.

– Ми беше кажано дека Златан нема намера летово за замине во пензија. Потпишување на евентуален нов договор нема да претставува проблем – изјави Малдини.

Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 41 година, а откако беше објавено дека мора да го оперира коленото поради што ќе паузира 7-8 месеци почнаа шпекулациите дека напаѓачот ќе мора да стави крај на кариерата.

– Последните шест месеци играв без предните вкрстени лигаменти на левото колено. Коленото ми беше отечено половина година. За тоа време можев да тренирам со тимот само десетина пати. Добив преку 20 инјекции за шест месеци, а секој ден земав лекови против болки. Никогаш не сум страдал толку многу на теренот и надвор од него. Невозможното го претворив во возможно. Имав само еден на ум, целта е да ги направам моите соиграчи и тренери шампиони на Италија бидејќи им дадов такво ветување. Сега имам нови предни вкрстени лигаменти и уште еден трофеј – рече Избрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот