Макрон: Стратешка автономија на ЕУ, e „одлична вест” за Америка

epa08631047 French President Emmanuel Macron, wearing a protective face mask, as he visits a site of pharmaceutical group Seqens, a global leader on the production of active pharmaceutical ingredients, to mobilize innovation and support the research on the coronavirus disease (COVID-19), in Villeneuve-la-Garenne, France, 28 August 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN / POOL MAXPPP OUT

За време на дискусијата со членовите од тинк-тенктот Атлантски совет, францускиот претседател се наврати на формите што треба да ги добие обновената трансатлантска врска, во контекстот на изборот на новиот американскиот претседател Џо Бајден, јави дописникот ан МИА.

Со оглед, на Ковид-19, Емануел Макрон не може да патува во САД за да се сретне со претседателот Џо Бајден. Тој сепак избра да зборува од Елисејската палата пред избрана публика на експерти, од кои многу од Вашингтон, со цел да ја образложи европската стратешка автономија.

За време на дискусијата на англиски јазик, францускиот претседател зборуваше надолго за формите што треба да ги има обновената трансатлантска врска.

Во врска со односот меѓу Европа и Кина, главниот американски хоризонт, Макрон отфрли две сценарија. Првото е она на „највисокиот можен конфликт”, каде што Европската унија (ЕУ) и Соединетите држави ќе му се спротивставуваат фронтално на Пекинг. Второто е она на европска еквидистанца помеѓу Вашингтон и Пекинг, што „нема смисла” заради вредностите споделени со Америка. Францускиот претседател ја стави во перспектива важноста на неодамна потпишаниот трговски договор меѓу ЕУ и Кина, што не е „огромна зделка” ниту „трансформациски договор”.

Првите чекори на администрацијата на Бајден се охрабрувачки: во форма, со пристап на консултации, и во суштина, со веќе објавено враќање во рамките на Светската здравствена организација и Парискиот договор за климата.

За да го „поправи”  мултилатерализмот, францускиот претседател сепак сака организација на самит на „П5″ или постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ООН). Ова не беше можно во 2020 година, поради пандемијата и недостатокот на ентузијазам кај засегнатите земји.

Францускиот претседател притоа ја бранеше идејата за европска стратешка автономија, што претставува „одлична вест” за трансатлантските односи. Европејците мора да ги преземат сопствените безбедносни интереси, како борбата против малите џихадистички групи во Сахел, рече Макрон.

Во минатото, „поделбата на товарот (…) не беше фер” во рамките на НАТО. „Врската постепено полуде”, објасни францускиот претседател: Европејците се засолнија под чадорот на американската армија, но за возврат требаше да набават воена опрема произведена од другата страна на Атлантикот. Макрон веќе го покрена ова прашање на зависност од американското вооружување, за време на неговото патување во Литванија и Летонија на крајот на септември 2020 година.

Францускиот претседател исто така повика на „појаснување” меѓу сојузниците во рамките на НАТО.

-Кој е непријател? – повтори тој. Поздравувајќи ги истовремено неодамнешните подобри изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Макрон ја истакна „неверојатната агресивност на Анкара во изминатите две години, во различни театри” против Европејците и Американците.

-Турција нè доведе во луда ситуација”, забележа тој, осврнувајќи се на воената офанзива што ја започна оваа земја во Сирија, против курдските сојузници на Западот против џихадистите, на крајот на 2019 година.

-Кредибилитетот на НАТО, Соединетите држави и Франција се целосно уништени во регионот “, рече Макрон.

Суровоста изразена кон Турција не го инспирираше францускиот претседател во неговите забелешки за Русија. Макрон ја бранеше потребата од стратешки дијалог со Москва, кој нема да има алтернатива, дури и ако капацитетот за постигнување конкретни резултати ќе „бидат многу мали” на краток рок. Ќе бидат потребни „можеби децении”, призна тој, истовремено тврдејќи дека „историјата на претседателот Путин и на многу лидери е целосно европска. Тие ги имаат истите вредности, историја, литература, култура, состојба на умот … “

-Вредности, што затворањето на опозиционерот Алексеј Навални – огромна грешка, тешко ги претставува според Макрон,.

Посакувајќи демократско управување на социјалните мрежи, со цел да се бори против омразата и ксенофобијата, Макрон се наврати и на улогата на дигиталните гиганти. Тој го означи начинот на кој тие се свртеа против Доналд Трамп, „во секундата кога беа сигурни дека е надвор од власта”, откако ги промовираа неговите зборови и неговите постапки.

-Краткорочно, тоа беше единствен одговор, но тоа не е демократски одговор, рече тој, повикувајќи се на потребата од законодавна рамка или регулатива за која одлучуваат избраните претставници.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот