Емануел Макрон/ Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Макрон потврди: Еден војник загина при напад врз француските сили во Ирак

Францускиот претседател Емануел Макрон изутринава изјави дека еден француски војник е убиен во напад во регионот Ербил во Ирак.

Во пост објавен на својот профил преку социјалната мрежа „Икс“ Макрон посочува дека инцидентот се случил при напад извршен врз француските сили, ангажирани во Ирак за разбивање на екстремистичката група „Исламска држава“ уште позната и како Даеш, објави Ројтерс.

 

 

„Овој напад врз нашите сили, кои се борат против Исламската држава од 2015 година, е неприфатлив“, рече Макрон, користејќи навредлив термин за екстремистичката група.

„Нивното присуство во Ирак е строго во рамките на борбата против тероризмот. Војната во Иран не може да ги оправда ваквите напади“, додаде тој. Макрон не кажа кој стои зад нападот.

Претходно, француското Министерство за одбрана соопшти за шест француски војници повредени во напад со дрон додека вршеле обука на ирачки сили за борба против тероризмот. Повредените биле пренесени во најблиската медицинска установа.

Франција има стотици војници стационирани во регионот Ербил како дел од пошироката меѓународна коалиција за борба против милитантите на Исламска држава во областа.

Инаку, според локалните власти во Ербил, во нападот биле употребени два дрона, а мета на нападот била воена база сместена на околу 40 километри југозападно од главниот град на антономната област Курдистан. Засега не е познато кој стои зад нападот.

Самиот напад доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток по неодамнешните воени дејствија на САД и Израел против Иран, на што Техеран возврати со напади врз американските бази во регионот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот