Макрон ќе формира воена вселенска команда

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во саботата, во пресрет на свечената парада за националниот празник на 14-ти јули, најави формирање воена команда за Вселента .

„Со цел да се обеззбеди развој и зајакнување на нашиот вселенски потенцијал, во септември во рамките на воено-воздухопловните сили ќе биде формирана голема вселенска команда, којашто со текот на времето ќе стане воена и вселенска команда“, изјави Макрон во говорот пренесуван од страна на Елисејската палата.

Францускиот претедател зборуваше во седиштето на Министерството за одбрана на традиционалниот прием за воената заедница пред свечената парада која ќе се одржи денеска на Елисејските полиња во Париз по повод националниот празник Денот на падот на Бастилја.

Макрон уште минатата година изјавуваше дека Вселената е навистина важна за националната безбедност.

„Ќе ги засилиме нашите извидувања на вселенската ситуација, подобро ќе ги штитиме нашите сателити, вклучително и на активен начин“, додаде Макрон.

Во септември 2018 година, француската министерка за одбрана Флоранс Парли изјави дека смета оти е неопходно зголемувањето на инвестициите во воената космичка индустрија, со цел да се спречата конфронтациите во пространството околу Земјата.

Законот за француската воена програма (LPM) од 2019 до 2025 година, предвидува 3,6 милијарди евра за вселенската одбранбена програма, односно зголемување до 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Шпионирањето, попречувањата, кибернетичките напади, антисателитското оружје…, космосот кој е неопходен за воени операции, стана поле на судир меѓу нациите и оттаму и Франција е принудена да ги зајакне своите вселенски капацитети, пишува агенцијата AFP. Најголемите светски сили во Вселенета, САД, Кина и Русија, веќе со години се ангажирани во трката за доминација во космосот.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата година, исто така, најави план за создавање нови „вселенски сили“ како шест род на американската војска до 2020 година.

НАТО годинава ќе настојува да ја прогласи Вселената како подрачје на војување, пренесе во јуни агенцијата Reuters цитирајќи четворица дипломати, делумно и за да му се покаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека Алијансата се прилагодува на новите закани, откако тој го потпиша планот за формирање нов род во американската армија – вселенските сили. Со одлуката којашто би требало да биде донесена на самитот на челниците на земјите членки од 3-ти до 4-ти декември во Лондон, на кој ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, би треабло да се признае дека битките повеќе не мора да се водат само на копно, во воздух и на вода, како и во компјутерскиот простор, туку и во космосот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот