Макрон: Хунтата во Нигер го држи во заложништво францускиот амбасадор

Емануел Макрон / 14 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/GONZALO FUENTES

Воената хунта во Нигер го држи во заложништво Францускиот амбасадор во таа земја Силвен Ите, изјави, Францускиот претседател Емануел Макрон

„Во Нигер имаме амбасадор и дипломатски персонал кои буквално се земени како заложници во француската амбасада. „Не смеат ниту да доставуваат храна и да јадат воени оброци“, рече Макрон, пренесува Политико.

Откако армијата го собори претседателот на Нигер Мохамед Базум во јули и ја презеде власта, Франција, која има 1.500 војници во земјата, ги одби сите дипломатски контакти со воената хунта.

Затоа пак претставникот на Хунтата Амаду Абдраман ги раскина сите договори за воена соработка со Франција и на 25 август амбасадорот Ите доби 48 часа да ја напушти земјата, што Париз го одби, тврдејќи дека сегашната влада во Нигер е нелегитимна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот