Макрон го напуштил состанокот по ЖЕСТОКИ КРИТИКИ од колегите за одлуката за Македонија

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го напуштил денешното продолжение на Европскиот совет, соочен со жестока критика од повеќемина колеги од други земји-членки поради тоа што не се согласува со одлука за отворање преговори со Македонија, пишува 360 Степени.

Темата за проширувањето била повторно отворена пред лидерите на земјите-членки, при што неколкумина премиери, според изворот на „360 Степени“, лично го критикувале Макрон за „неможност да ги согледа последиците од неиспорачувањето позитивен сигнал до земјите од Западен Балкан“. Притоа, францускиот претседател се налутил и ја напуштил пленарната сала во зградата „Европа“ во Брисел.

Група земји-членки на ЕУ, предводени од Словенија и Малта и поддржани од Бугарија, доцна синоќа го блокирале предлог-заклучокот составен од Ангела Меркел, Емануел Макрон и Доналд Туск, за одлагање на одлуката за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија за на пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот