Македонско пилешко вратено од Република Српска

Инспекторатот за храна на Република Српска (РС), во изминатиот месец, забрани увоз на три пратки месни производи во количини повеќе од еден тон, бидејќи се утврди дека не ги исполнуваат пропишаните услови за квалитет.

Како што пишува Сарајево Тајмс, Забранетите производи се „пушено пилешко луксузно филе“ изработено од „Мис Глобус“ Скопје, чии анализи утврдија помала содржина на вкупниот протеин отколку што е пропишано, како и две пратки од „Зимска салама“ направена од „Пик“ Врбовец.

Ова е четврта пратка пилешко месо од Скопје забранета за влез во Република Српска, со оглед на тоа што во претходниот период, или во текот на август, беше забранет  увоз на друга пратка „филе од пушени пилешки гради“ од „Мис Глобус“ Скопје во количина  од 884 килограми. заради намалената количина  протеини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот