Просторот покрај македонската црква во Пјаченца, Италија / Фото: Религија.мк

Македонските верници во Италија добија простор околу црквата во Пјаченца, МПЦ-ОА откупи пет хектари земјиште

Вчера во Пјаченца, Италија бил официјализиран договорот со кој Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) покрај храмот „Св. Прохор Пчински“ го добива целиот простор околу црквата, од околу пет хектари (околу 50.000 квадратни метри), кој ќе значи простор за социјално и културно зближување на бројните Македонци во овој дел на Италија, јави „Религија.мк“.

На свечениот чин, договорот го потпишаа митрополитот Европски Пимен и монсињор Адријано Чеволото, бискуп на Епархијата на Пјаченца и Бобио.

Имотот вреди 800 000 илјади евра и ќе се исплаќа 20 години, но ќе биде во трајно владение на МПЦ-ОА.

„Овој црковен простор ќе биде стожер на македонската култура, јазик и традиција. За нашите иселеници, ова значи место каде ќе можат да ги крштеваат своите деца, да ги венчаваат младите, да празнуваат, да организираат натпревари и да допринесуваат за опстојувањето на црковната заедница. Чинот на предавањето од страна на бискупот Адријано Чеволото е силна порака за братската љубов и солидарност меѓу Католичката црква и МПЦ-ОА, што дополнително го зајакнува угледот на македонската заедница во Италија“, велат од епархијата.

За верниците, овој потпис на владиката Пимен и бискупот Чеволото не е само формалност, туку и „гаранција дека македонскиот јазик и православната молитва ќе продолжат да одекнуваат во Италија“.

По потпишувањето, двајцата достоинственици разменија срдечни честитки, нагласувајќи дека грижата за верниците и нивните духовни потреби е заедничка мисија која ги надминува сите граници, пишува „Религија.мк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот