Македонските ракометари денеска против Црна Гора во подготовките за СП 2023

фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонската сениорска репрезентација во Маврово ќе одигра два контролни натпревари како дел од подготовките за настапот на Светското првенство во јануари во Полска и Шведска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров двапати ќе тестираат против селекцијата на Црна Гора која исто така е учесник на Мундијалот.

Првиот дуел е закажан денеска од 17.00 часот, а вториот е в среда (28 декември) од 14.00 часот.

Ракометарите кои се најдоа во скратениот список за СП 2023:

– Марио Кизиќ (Еурофарм Пелистер), Мартин Томовски (Вардар 1961), Никола Митревски (Порто), Гоце Георгиевски (Вардар 1961), Александар Петковски (Алкалоид), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Дејан Манасков (Вардар 1961), Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Цветан Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Костадин Петров (Акурејри), Никола Маркоски (Алкалоид), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Филип Талески (Вардар 1961), Филип Кузмановски (Хановер), Павле Атанасијвиќ (Еурофарм Пелистер), Иван Џонов (Пролет), Игор Ѓоргиев (Алкалоид), Томислав Јагуриноски (Пролет), Мартин Серафимов (Алкалоид), Давид Савревски (Вардар 1961), Едвин Омерагиќ (Алкалоид) и Михајло Младеновиќ (Алкалоид).

Се очекува Лазаров да им даде шанса на сите кои ќе ја темпираат формата за ракометниот Мундијал каде што сме во групата „Ф“ со Норвешка, Холандија и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот