Македонските одбојкари со убедлива победа на стартот во Европската сребрена лига

Фото: facebook/Одбојкарска федерација на Македонија

Денеска во својот прв натпревар од групата „Б“ во Европската сребрена лига репрезентацијата на Македонија предводена од новиот селектор Ратко Павличевиќ триумфираше над Босна и Херцеговина со резултат 3:0.

Нашите најдобри одбојкари доминираа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, првиот сет го добија со 25:16.

Нашиот квалитет го покажавме и во вториот сет кој го освоивме исто така убедливо со 25:17.

А во третиот сет имаше поголема неизвесност, противникот имаше на периоди минимална предност, но на крајот ние повторно бевме подобрите и со 25:23 го поставивме конечниот епилог за први бодови.

Никола Ѓоргиев, капитенот беше најефикасен во нашите редови со 25 поени, а на спротивната страна Ади Османовиќ запиша 16 поени.

Се одигра и вториот натпревар од првото коло во оваа група, Романија славеше на гостувањето кај Албанија со 1:3.

Европска сребрена лига

Табела, група „Б“

Резултати, 1. коло

Македонија – Босна и Херцеговина 3:0
Албанија – Романија 1:3

1. Македонија 3 бодови (3:0)
2. Романија 3 (3:1)
3. Албанија 0 (1:3)
4. Босна и Херцеговина (0:3)

Следни натпревари: 28 мај Романија – Македонија, Босна и Херцеговина – Албанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот