Фото: Screenshot/instagram.com/urkourko

Македонските кикбоксери со 20 медали на Балкан опен во Тешањ

На силниот меѓународен кикбокс турнир „Балкан опен 2025“ во Тешањ, Босна и Херцеговина, македонските натпреварувачи освоија вкупно 20 медали.

Нашите кикбоксери се закитија со девет златни, шест сребрени и пет бронзени медали.

Злато освоија Рахим Вејсиловиќ, Јован Јанковски, Љупче Атанасов, Дамјана Пеовска, Милан Нешевски, Силвио Мировски, Петре Велков, Максим Митровски и Лука Кипровски. Сите конечни пласмани на следниот линк ТУКА

Најуспешни беа Босанците со 69 златни медали, пред Хрватска со 17 и Словенија која дојде до 15.

Во организација на Кикбокс Федерацијата на Босна и Херцеговина и домашниот кикбокс клуб „Центар боречки спортови Тешањ“, учествуваа 77 клубови од 10 земји (БиХ, Македонија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Србија, Чешка, Литванија, Палестина и Унгарија) со вкупно 410 натпреварувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот