Македонските фудбалерки стартуваа со победа во Лигата на нации, успешно деби на Андов

фото: ФФМ

Женската фудбалска сениорска репрезентација на Македонија славеше во воведното коло од Лига на нации против Летонија на гости.

Денеска во Лигата „Ц“ нашите најдобри фудбалерки триумфираа со 4:3 против летонската селекција на гостувањето во Рига.

Во деби натпреварот на селекторот Александар Андов, Македонија постигна три голови по првото полувреме за наше водство од 3:1.

Во седмата минута Миксоне го даде водечкиот погодок за Летонките, а потоа следуваше пресвртот на избраничките на Андов.

Гентјана Рочи најпрвин во 17 минута израмни на 1:1, па следуваше автогол на домашните фудбалерки, а Наташа Андонова во 32 минута погоди за 3:1.

Намалија противничките во 63 минута преку Полуховица, а четвртиот гол за нашата селекција го постигна Милевска во 69 минута за 4:2. Конечниот резултат беше поставен во 76 минута кога Миксоне по втор пат на овој меч се запиша во листата на стрелците.

На стартот во нашата група „2“ Словенија на домашен терен со 2:0 ја совлада Молдавија. Во следното коло на 9 април Македонија ќе биде домаќин на најдобрите словенечки фудбалерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот