Македонскиот спортски херој порачува: Ќе носиме уште медали од Олимписките игри

Дејан Георгиевски по 21 година повторно ја запиша Македонија на листата на освојувачи на медали на Олимписките игри. Младиот 22-годишен таеквондист тоа што го ветуваше пред настапот на Игрите во Токио, го оствари, освои медал и стана вториот македонски спортист по Могамед Ибрагимов (Сиднеј 2000 година) кој се закитил со медал.

Георгиевски го категоријата над 80 килограми, е поразен во финалето од Русинот Владислав Ларин, и со сребрен медал се врати во Македонија каде во родното Скопје му беше приреден спекталуларен пречек.

– Поздрав до сите Македонци како и до моите тренери. Добравечер Македонијо, ве обожувам и немам зборови со кои можам да го опишам ова. Да ви се заблагодарам на огромната поддршка и тоа што дојдовте во олку голем бро, фала му и на Бог бидејќи тој беше со нас и без него немаше да биде можно сево ова.

Без мојот тренер немаше да биде можно да го остварам овој успех. Докторот Борче Костовски и Дарко Костовски се најзаслужните за успехот. Докторот ја направи стратегијата хируршки прецизно и никогаш досега не погрешил. Поздрав до семејството, до брат ми Коки на кого му попуштам на тренинзите, до сестра ми Анамарија. Поздрав и до клупските другари кои тренираа со мене иако не беше фокусот не беше на нив, но тие се жртвуваа за мене. Ветивме дека ќе донесеме златен медал, но дојдовме до сребрен. Како и да е донесовме медал во Македонија.  Ќе ветам и јас дека во сите наредни Олимписки игри ќе имаме повеќе претставници и ќе носиме медали. Им посакувам на останатите споритисти во Токио да донесат медал и тие да имаат ваков пречек – порача Дејан Георгиевски.

ВИДЕО + ФОТО: Спектакуларен пречек за сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски

Дарко Костовски: Ветивме и донесовме медал, на Игрите во Париз ќе имаме најмалку еден златен медал

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот