Дарко Костовски: Ветивме и донесовме медал, на Игрите во Париз ќе имаме најмалку еден златен медал

фото: фејсбук/дарко костовски

Тренерот на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски, Дарко Костовски, изјави дека ветувањата пред заминувањето за Токио не беа залудни, тоа што беше ветувано, Дејан го оствари.
Ние ветивме медал од Токио, верувавме во тоа, ветивме златен медал, но за многу малку не го освоивме и донесовме сребрен медал. Н,о бидете сигурни дека дека ветуваме оти од Париз ќе донесеме најмалку еден златен медал. Дејан го скрши мразот – рече човекот кој го тренира Дејан од самиот почеток, Дарко Костовски.

Оптимизмот Костовски се темели на успесите кои ги остваруваат и останатите таеквондисти од таеквондо клубот Бутел.
– Анамарија Георгиевска има исто презиме како и Дејан и случајно таа му е сестра. Таа е третотпласирана од Светско првенство. Тука е и Коки Георгиевски кој случајно му е брат на Дејан и тој е балкански шампион и заедно со Анамарија се кандидати за Игрите во Париз. Сите тројца се шампиони. Марко исто така е балкански шампион, а тука е еден од најзаслужните за медалот на Дејан, спаринг партнерот. Филип Додевски го освои бронзениот медал на ЕП со 21 година и има златен медал од европско клупско првенство и доколку не беше повредата, сигурно и тој ќе обезбедеше пласман на Игрите во Токио. За Игрите во Париз ветуваме уште поголеми резултати – вели Дарко Костовски, тренерот на Дејан Георгиевски, македонскиот спортски хериј.

ВИДЕО + ФОТО: Спектакуларен пречек за сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот