Македонскиот репрезентативец Ѓоргиев со трофејот во Суперкупот на Бугарија

Во финалето Хебар Пазарџик со 3:1 триумфираше над Нефтохимик/Фото: НВЛ/ Start-photo.bg/bvf.bg

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорѓи Ѓоргиев се закити со првата титула во дресот на својот нов клуб, Хебар од Бугарија.

Во Суперкупот на Бугарија шампионот Хебар триумфираше со резултат 3:1 во сетови 16:25, 25:21, 25:21 и 25:18 над освојувачот во Купот на таа земја, Нефтохимик 2010 од Бургас.

Ова е втор трофеј за Хебар, откако тимот успеа да ја освои титулата во 2019 година.

Италијанецот Јакопо Масари, кој имаше 18 поени, беше прогласен за најкорисен играч, МВП на натпреварот.

– Исклучително сум задоволен од денешната победа и овој прв куп оваа сезона. Среќен сум за моите соиграчи, за тренерите, за сите наши навивачи во Пазарџик. Сега одиме напред и кон нови цели – рече Масари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот