Македонскиот пливач Ѓуретановиќ ќе настапи на Централното Европско првенство во Прага

Пливачот Никола Ѓуретановиќ единствен претставник од Македонија во Прага, Чешка/фото:

Од Националната пливачка федерација е најавено дека денеска почнува Централно Европското првенство во пливање кое ќе се одржи на 3 и 4 декември 2022 година во Прага, Чешка.

Македонија ќе ја претставува Никола Ѓуретановиќ кој ќе земе учество во дисциплините 200 и 400 метри слободно, како и 200 метри мешано.

На линкот ТУКА можете да ги следите резултатите и самите натпревари во живо

– Голема благодарност до Никола Ѓошевски и Спорт Менаџмент Консалтинг и до сите спонзори за поддршката. Му посакуваме успех и навиваме заедно за Никола – објавија од пливачкиот клуб Вардар 2018.

Годинава на пливачкиот митинг „13 Ноември“ во организација на Бета Шаркс, Ѓуретановиќ го собори рекордот на 200 метри слободно во категоријата кадети. Рекордот беше стар 27 години, а носител беше Александар Маленко. Неговиот рекорд е со време од 01:55.15 мин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот