Македонскиот ајвар – една од најдобрите закуски во светот за 2023 година

ајвар
Ајвар / Фото: Profimedia

Македонскиот традиционален ајвар, како една од најдобрите закуски во светот за 2023 година се најде се најде на првото место на TasteAtlas Awards, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Во објавата на Фејсбук тој напиша дека ваквите вести го прават среќен и потсети дека се поддржуваат малите производители со грантови до 10.000 евра за набавка на опрема за модернизација, афирмација и промоција на нивното производство.

– Подобар квалитет, повисоки стандарди и ефикасност, а помали трошоци, тоа и е нашата цел кога станува збор за поддршката којашто ја доделуваме на земјоделците. Веста дека нашиот традиционален производ од црвена пиперка – ајварот, се најде на листата со најдобра храна многу ме радува. Затоа и се залагаме поддршката за малите производители да стигне на вистинската адреса, и со набавената опрема да се модернизира, афирмира и промовира квалитетното производство- вели министерот. Грантовите за кои можат да аплицираат земјоделците, со цел да се модернизираат земјоделските стопанства стануваат сѐ попопуларни кај нас. Интересот за нив, посебно од страна на младите земјоделци бил голем, па така за мерката „Бизнис план“ од Програмата за рурален развој, која е воведена за првпат како дел од најголемата земјоделска реформа, изјавил Николовски за ,,Фокус”.

Според него, бројот на младите земјоделци кои аплицираат за поддршката расте, со што се отсликува нивната цел, да се поддржат младите земјоделци и жените во земјоделието, и да им се помогне со нова и модерна опрема да го развиваат производството.

Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник и истите можат да се искористат за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско или неживотинско потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, како и набавка на хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот