Марихуана пронајдена кај македонски државјанин/Фото: Полициска управа на Црна Гора

Македонски државјанин протеран од Црна Гора, го фатиле со марихуана

Македонски државјанин Б.Г. (43) е протеран од Црна Гора на една година и казнет со 370 евра откако граничната полиција кај него пронашла неколку пакувања марихуана на граничниот премин Сукобин.

Полициската управа на Црна Гора ова го објави на својот профил на социјалната мрежа Икс.

„Службениците на граничната полиција во Сукобин го лишија Б.Г. (43) од Северна Македонија од слобода, по што при претресот беа пронајдени неколку пакувања со наркотична дрога марихуана. Б.Г. на суд е казнет со 370 евра, по што му беше врачено Решение за протерување и забрана за враќање во Црна Гора во период од една година“, соопшти УП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот