Македонски државјанин баран од скопските власти приведен во Ќустендил

Фото: Архива

До екстрадицијата во Северна Македонија Е.Н. ќе го издржува притворот во затворот Бобов Дол. 

Судот во Ќустендил во Бугарија му изрече мерка притвор на  Е.Н. (52) државјанин на Северна Македонија кој е во постапка за екстрадиција, јави дописникот на МИА од Софија.

Како што соопшти Окружното обвинителство во градот, лицето било приведено од полицијата на барање на судските органи на Северна Македонија.

-Тој е осуден од Основниот суд во Скопје  на три години затвор за измама и е распишана меѓународна потерница по него. Осуденикот довел во заблуда друго лице при купување автомобил БМВ, стои во соопштението.

До екстрадицијата во Северна Македонија Е.Н. ќе го издржува притворот во затворот Бобов Дол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот