На фестивалот ќе учествува Томе Трајков, стрип-промотор

Македонската стрип-уметност ќе биде претставена на значаен меѓународен фестивал во Хрватска

Врз основа на усвоен проект од страна на Министерството за култура и туризам, на стрип-фестивалот „Цртани романи шоу“ (CRS) во Загреб, Хрватска, ќе гостува Томе Трајков, стрип-промотор. Фестивалот ќе се одржи од 17 до 19 април во Академијата на ликовни уметности.

Фестивалот на којшто ќе учествува Томе Трајков е еден од оние со најголема традиција и рејтинг во регионот. Според Трајков, оваа работна посета е логичен континуитет на неговата меѓународна стрип-активност.

Фестивалот спаѓа во редот на Комикони, односно големи стрип-фестивали коишто се: масовно посетени од публика; имаат солидно ниво и бројка на гости, видни имиња од светската стрип-сцена, конкретно: Италија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Ирска, Германија, САД, Франција).

Самото нивно присуство е доволен повод помеѓу публиката да има и бројни придружни манифестации, во случајов – изложби, панел-промоции, саем на стрипови со штандови, школи / работилници за цртање, косплеј-маскирање во супер херои, квизови, музички концерти и т.н.

Заедно со хроничарот Александар Стеванов како соработник, Томе Трајков ќе одржи панел-промоција на тема „Македонскиот стрип има минато, сегашност и иднина!“

Освен редовните обврски при присуството на овој фестивал, престојот ќе се искористи за стекнување на организациони искуства коишто ќе се применат во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот