Mакедонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство

Македонска полиција/ Фото: Миа

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.06 2021 година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.

Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот.

На овој начин, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот