Македонска црковно-државна делегација се поклони на гробот на свети Кирил

Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Делегацијата, во која учествуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција Стојан Витанов и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова, присуствуваше на молебенот на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент”.

Чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на епископот Стобиски г. Јаков и свештеници на Европската епархија на Македонската православна црква- Охридска архиепископија.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на сите македонски граѓани им го честита големиот празник, 24 Мај, со кој, како што се наведува, се слави епохалното рамноапостолно дело на словенските браќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот