„Македоника литера“ ја објави книгата „Моите приказни“ на Киро Донев
Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ деновиве ја објави книгата на Киро Донев „Моите приказни“, која претставува избор од неговите раскази. Публикувањето се совпаѓа со 80-тиот роденден на Киро Донев и 55-годишнината од публикувањето на неговата прва книга.
Препорачано
Книгата „Моите приказни“ содржи 80 раскази и претставува избор од неговите книги со раскази. Почнува со неговата автобиографска приказна, а е поделена во неколку целини: „Од дневникот на Зорка Сештозборка“, „Од дневникот на Васко Пикаско“, „Дарко во Зоо паркот“, „Приказни од куќичката на дрво“ и „Приказни за годишните времиња“.
Киро Донев е меѓу најчитаните и најпреведуваните македонски писатели за деца. Досега се публикувани близу 50 негови книги, а „Моите приказни“ е десетта негова авторска книга објавена од „Македоника литера“. Живее во родното Моноспитово, Струмичко.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 122, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 26-27 март 2022)


