Македонија остана на 65 место на ФИФА ранг листата

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска Светската куќа на фудбалот го објави и последното рангирање за 2023 година, најдобрата македонска репрезентација остана на 65 место со 1362,17 поени.

Нашите најдобри фудбалери последните натпревари за годинава ги имаа во ноември во рамките од квалификациите за ЕП 2024 кога загубија од Италија во Рим со 5:2, а во Скопје ремизираа 1:1 против Англија.

Потсетување дека следната година на 8 февруари во Париз, Франција, ќе биде жрепката за новата сезона од Лигата на нации на УЕФА (2024/2025). Македонија од третиот шешир во сегментот „Ц“ ќе ги очекува новите противници на патот кон Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

Новата сезона во УЕФА Лигата на нации треба да започне во септември 2024 година, а ќе заврши со доигрувањето, плеј-оф мечевите во март 2025 година.

На првото место на ФИФА ранг листата е актуелниот светски шампион Аргентина со 1855,2 поени, пред второпласираната Франција со 1845,44 поени, а на третата позиција е Англија со 1800,05 поени.

ФИФА ранг листа
Топ 10 –

1. Аргентина 1855,2 поени
2. Франција 1845,44
3. Англија 1800,05
4. Белгија 1798,46
5. Бразил 1784,09
6. Холандија 1745,48
7. Португалија 1745,06
8. Шпанија 1732,64
9. Италија 1718,82
10.Хрватска 1717,57

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот