Македонија не смее да си дозволи висок пораз против Словачка

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

Денеска кошаркарската репрезентација на Швајцарија со 65:60 ја совлада Словачка во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во претквалификациите за СП 2023.

Тоа значи дека Македонија на возвратниот дуел со Словаците утре од 19.00 часот не смее да си дозволи пораз од 28 разлика или повеќе.

Но, избраниците на селекторот Драган Бајиќ сигурно ќе атакуваат на уште еден триумф и освојување на првото место во групата.

На првиот меч против Словачка нашите најдобри кошаркари славеа убедливо со 69:47.

Денеска Словачка имаше дури негатива од 22 коша разлика, а можеше на крајот дури и да го добие натпреварот, откако стигна до само „минус еден“ (56:57), но не направи целосен пресврт. Рочак кај Швајцарците забележа 14 поени, а на спротивната страна еден помалку запиша Бродзијански.

Моментно на табелата води Швајцарија со шест бодови, Македонија е втора со пет, а Словачка последна со четири. Првопласираните две репрезентации ќе се најдат во главните квалификации за Мундобаскет 2023.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот