Македонија не му дозволи влез на бугарскиот европратеник Ковачев во земјата

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев / фото: Википедија

На бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев кој е и заменик-претседател на ЕПП, Милен Врабевски и уште тројца Бугари денеска не им беше дозволено да ја поминат македонската граница. Како што јави новинската агенција БГНЕС, тие како и секоја година, така и оваа, на 6 мај отпатувале да учествуваат на панхидата на бугарските воени гробишта во струмичкото Ново Село.

За жал, не ни дозволија да одиме на традиционалната прослава на Ѓурѓовден во струмичко Ново Село. Веќе повеќе од десет години на Ѓурѓовден одам во Ново Село, Македонија, кај нашите бугарски воени гробишта. Годинава на големо чудење и ужас не нè пуштија со образложение дека нивна одлука е да не пуштат, но никој не ни ги објасни причините. Имаме Указ со кој јас, Милен Врабевски и уште три лица бевме вратени од пунктот, изјави за БГНЕС Ковачев.

Додава дека е „крајно изненаден“ и дека пред неколку дена се сретнал со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ние од партијата ГЕРБ и нејзиниот лидер Бојко Борисов, правиме се што е можно за да го ослободиме патот на РСМ напред и да ги надминеме овие работи за во иднина. Затоа, инцидентот апсолутно не ми е јасен, ова е инерција од минатото, инерција во нивните служби, затоа што нивната служба за безбедност ги спушта списоците со луѓе кои не се сакаат да влезат во Македонија. И ова е иако на политичко ниво не треба да го имаме каков било проблем, особено за такво нешто како празнување на Ѓурѓовден и спомен на паднатите за Татковината, потенцира Ковачев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот