Фото: woman.mkd.basketball

Македонија ќе има нов шампион, кошаркарките на Бадел 1862 го совладаа Баскет кам

Кошаркарките на Бадел 1862 триумфираа и на гостувањето во „мајсторката“ со 61:59 против Баскет кам за конечни 2-1 во полуфиналето од плејофот на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига. Тоа значи, дека Македонија ќе има нов шампион во женска сениорска конкуренција.

Со кого ќе играат за шампионската титула, „баделки“ ќе дознаат по одигрувањето на третиот меч од серијата во кој, денеска од 19.00 часот, играат екипите на Крива Паланка и Вардар (резултатот е моментно 1:1).

Фримен беше најефикасна во победничката екипа со 26 поени, дополнети со седум скокови и четири асистенции, додека Клири имаше дабл-дабл учинок од 13 поени и 10 скокови.

Во редовите на сега веќе поранешниот шампион, Максимовска го заврши мечот со 18 поени и седум скока, додека Адамовска забележа 15 поени, шест скокови и три асистенции.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ

ТРЕТ НАТПРЕВАР

Баскет кам – Бадел 1862 59:61 (1-2)

19.00 часот: Крива Паланка – Вардар (1-1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот