Македонија е политички ханиленд

Нова порција на слободата. Нова скала на нашето постоење. Безобзирност кон најдрагите чувства. Настапуваме од позиција на сегашноста. Со средствата со кои располагаме во моментот. Без прикаски, без митови, без тралалајки… Без вмро, без славните јунаци, без Гоце, без баба му на Гоце, без црешовото топче, сами со себе и за себе, против нас самите, во нерамна битка со глупоста, можеби, можеме и да победиме, хахаха, ене го 12 април, гласајте или седете си дома во „папучи“, овој од Будимпешта што ве повикуваше да излезете од „папучите“ за да носите вода во собранието и да кршите глави, сега ве тера да си ги навлечете на главата. За да не го гледате кога ќе ви ја смачка.

Предизборните просерувања се резултат на последните грчеви на дебелото црево. На шакалот кој дошол да го ликвидира примерот на европската модерност, на европската, демократска конституција, на европската надеж. Која опасно брзо исчезнува од континентот. Македонија е политички ханиленд. Со многу вируси во кошницата, но Ханиленд. А тие се последното забрзување на терористичкото комбе на променадата во Ница.Черноземски во Марсеј. Не Мицко и стоката од тоа трло, туку трлото како такво. Неговата историски напластувана смрдеа. Вмро. И голем дел од нас кои мислат дека ако го исфрлиме пилотот и на негово место ставиме кондуктер од ЈСП или некој чезист од Горна Џумаја, авионот нема да се урне. Не се заебавам, ниту пак сум во некаква поетска егзалтираност. Разликата од кинеското, руското, унгарското, можеби и полското, да и српското депонирање на државните работи во касата на една единствена будала, треба да отиде у курац и во Македонија. Ние сме светска контраиндикација на банонизмот. Тоа им дава на изборите поширока и поважна димензија отколку што е нашата расправа за тоа дали, што би рекол Дакиќ, ќе тепаат нормалните или будалите.

Тоа е нашата курска битка.

Во која вистинското прашање не е кој ќе победи, ќе победиме ние, туку кој курац будалите бараат тука.

Може ли нацијата да ја препознае политиката на Заев како најголема и најважна инвестиција во општите работи или ќе се предаде на дневните сензации што во рамките на специјалната војна ги сервираат и тие што немаат поим во што учествуваат.

Адвокати, новинари, директори, менаџери, попови.

Ридови од говна врзани за зборови.

Плитки хоризонти.

Вмрони што ја спуштаат смрдливата завеса.

Македонското перде што го замаглува погледот.

Оќорувачката катаракта на нацијата.

Слепило во кои е можно да прочитаме дека вистинските актери од „Диво насеље“ ја напуштиле работната група која заедно со претставници на власта требало да го подготви новиот закон за развојот на тероризмот во Македонија.

Хахаха.

Драматично се разликуваме во разбирањето на слободата

Тоа е смешно и тажно истовремено, но јасно е дека мораме да поминеме низ ливадите низ кои пред нас сереле Германците, Французите, Шпанците, Нидерландците. Нема поголем идиотизам од тоа да се прават работни групи за законот за јавното обвинителство со вморони од злосторничката инсталација, но тоа е тоа, фаза во историјата, ниво на компјутерската игра кое мораме да го совладаме ако сакаме да одиме погоре.

Коља ми побара пет примероци од “Ослободувањето на Македонија”.

Ќе ги носел во НУБ.

Убаво, но за мене беше поважно тоа што ме потсети дека книгата излезе од печат точно пред една година и дека во “Кино Култура” имавме убава промоција на оваа убаво насловена и убаво напишана книга. Сè уште сум возбуден од рецензиите на Беса Арифи, Љубомир Фрчковски и Златко Теодосиевски.

Јас, се разбира, ја оставам државата да си ги одбележува крваво задушените востанија на својот народ, манифестите, уставите и конгресите на организацијата која 120 години ја дави, но не гледам зошто јас треба да бидам скромен и да не кажам некој збор на првиот роденден на една важна книга.

Хахаха!

Како што други луѓе треба да кажат нешто за други настани или остварувања.

Да не беа некои статуси на Златко Ориѓански немаше да се сетам дека сега скоро се навршија 25 години од славата на “Пред дождот”, поважно остварување во историјата на Македонија од сите ѓурултии што разноразни војводи и комити ги правеле низ времето. Свињариите што ни се случуваат денес од страна на актери кои се потпираат на тоа историско искуство, покажуваат дека таканаречената револуционерна борба за слобода не била никаква борба, а особено не била борба за слобода. Ако, пак, и била, тогаш е тоа прифатливо само под услов да кажеме дека ние и тие драматично се разликуваме во разбирањето на слободата.

Не како парола, туку како реална содржина.

Вморонот и денес слободата ја смета како форма на ново ропство во кое тој би бил новиот султан.

Говњари.

Не мора тоа да биде „Ослободувањето од Македонија”, дури ниту „Пред дождот”, конкурсите и концептите во „Окно“, или Славко Јаневски, чие дело Ѕвеки ни го принесува во едно ново светло, но мораме да воведеме нови стандарди во сеќавањата, во колективната меморија, така што ќе внесеме нови коти во нашата чудоредност, а старата ќе ја разглобиме како беба звечку.

Четите на вмро навлегувале во Македонија.

Јаделе, ебеле, пљачкале и се повлекувале.

Тука оставале пустош.

Зошто навлегувале.

Зошто се повлекувале.

Тоа ли ќе го одбележуваме.

Мораме да ја создадеме онаа порција слобода, храброст и безобзирност и, дури, би рекол, неодговорност, без кои создавањето не е можно. Треба, просто, да се навикнеме на новата скала на нашето постоење. Ќе мора да се однесуваме ладнокрвно и безобѕирно спрема нашите најдраги чувства, ако сакаме да дојдеме до новите вредности. Оној момент кога ќе се нафатиме да го формираме светот од ова место на кое се наоѓаме и со оние средства со кои располагаме, огромноста ќе се смали, неизмерноста ќе добие облици и ќе почнат да опаѓаат разбрануваните води на хаосот.

Македонија е поделена на будали и нормални

Ако ја прифатиме оценката на Ранко Дакиќ дека Македонија е поделена на будали и нормални, значи не на левица и десница, не на либерали и националисти, туку на будали и нормални, ова погоре би бил слободарскиот рационален, прогресивен, разумен манифест на нормалните, додека будалите би чекале екипите на вмро-дпмне да им ја донесат обновата на Македонија пред врата. Самата најава на такви чинови е најава на имбецили наменета за луѓе од кои имбецилите очекуваат дека се на нивно ниво.

Тоа е парче од моето излагање на промоцијата на книгата. Беше позајмено од “Дневникот” на Гомбрович.

Нека да ја повториме таа лекција:

Нова порција на слободата.

Нова скала на нашето постоење.

Безобѕирност кон најдрагите чувства.

Настапуваме од позиција на сегашноста.

Со средствата со кои располагаме во моментот.

Без прикаски, без митови, без тралалајки…

Без вмро, без славните јунаци, без Гоце, без баба му на Гоце, без црешовото топче, сами со себе и за себе, против нас самите, во нерамна битка со глупоста, можеби, можеме и да победиме, хахаха, ене го 12 април, гласајте или седете си дома во „папучи“, овој од Будимпешта што ве повикуваше да излезете од „папучите“ за да носите вода во собранието и да кршите глави, сега ве тера да си ги навлечете на главата.

За да не го гледате кога ќе ви ја смачка.

Вмро е мрсна хартија во која било завиткано меленото месо што во меѓувреме го изеле комитите. Празна, мрсна и смрдлива хартија, роман на кој му испаднале буквите, перде за бришење на дркаџиите, дупка во полскиот нужник на Историјата, муви што татко ми ги тепаше со пластична лопатка врз шарената мушама на масата, а ние можеме да ги досмачкаме со ливчиња во гласачките кутии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот