Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Македонија денеска го дознава противникот во полуфиналето од мундијалскиот бараж

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе го дознае противникот за полуфиналниот бараж во кој ќе се бори за место на Светското првенство идното лето.

Нашиот национален тим се наоѓа во четвртиот, воедно и последен шешир, заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска. Тоа автоматски значи дека со овие селекции нема да можеме да се сретнеме.

Противникот ќе пристигне од најсилниот прв шешир, во кој се наоѓаат Италија, Данска, Турција и Украина, а веќе е познато и дека ние сигурно ќе гостуваме во тој натпревар, без разлика кој ќе биде противникот.

Доколку „црвено-жолтите“ успеат да минат во финалето, таму ќе ги чека ривал од вториот или третиот шешир.

Прв шешир: Италија, Данска, Турција, Украина
Втор шешир: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Трет шешир: Република Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Четврти шешир: Шведска, Романија, Македонија, Северна Ирска

Ждрепката е закажана за во терминот од 13:00 часот и ќе може да се следи во живо со пренос на МТВ.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 26 март, а финалните дуели пет дена подоцна, на 31 март.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот