Македонец победи легенда во УФЦ (ВИДЕО)

ММА борецот, Александар Волкановски, Македонецот кој е роден во Австралија го победи легендарниот Жозе Алдо на „УФЦ 237“ приредбата која се одржа во Рио де Жанеиро.

Волкановски против Алдо ја имаше една од најдобрите борби во кариерата, доминираше, беше поагресивен борец и не дозволи да биде соборен од Алдо кој воопшто не преставуваше закана за одличниот ММА борец со македонско потекло.


по трите рунди, судиите немаа дилеми, сите тројца гласаа со убедливи 30:27,30:27,30:27 за триумф на Волкановски. Ова беше седма победа за него во УФЦ во седумте борби и со право се надева на борба за титулата која е во рацете на Макс Холовеј од САД.

– Јас сум следен во битката за титулата. Непоразен сум помеѓу топ 3 борците и сакам шанса да се борам за трофејот – рече Волкановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот