Македонец кој живее во Англија ќе учествува во тестирање на вакцина против Ковид-19

Македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија ќе учествува во тестирањето за вакцината против корона вирусот на Универзитетот Оксфорд.

Андреевски за Телма во разговор преку фејсбук потврди дека доброволно се пријавил за тестирањето со желба да помогне во ситуацијата. Тој исто така објасни дека дел од проектот ќе бидат 500 млади и здрави волонтери.

Прегледите се завршени со цел да се утврди дали одговара на условите за тестирање, кое ќе почне на еден волентер, потоа на група од 5-мина и на крај ќе бидат тестирани сите 500-тини пријавени.

–Сега сум во исчекување да ми кажат кога треба да одам по вакцината и после тоа се оди на 6 прегледи во рок од три месеци, ни рече Андреевски.

Универзитетот во Оксфорд веќе има тестирано вакцина за друг корона вирус, за МЕРС во 2012-та и врз основа на тогашните сознанија е направена и оваа вакцина за КОВИД 19 чие тестирање треба да почне од утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот