Македонец ќе ги води светските шампионки во фудбал!? (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Македонец ќе ги води светските шампионки во фудбал!? (ФОТО)

Влатко Андоновски (42) е помеѓу кандидатите за преземање на селекторската функција на женската фудбалска репрезентацијата на САД.

Македонецот би можел да биде наследникот на Џил Елис кој си замина од клупата после освојувањето на титулата на Светското првенство во Франција летово.

Досега беше тренер на американските клубови Рејн и Канзас сити, роден во Скопје, како фудбалер настапувал за Работнички, Македонија ЃП и Вардар.

Влатко Андоновски кој живее во САД како играч ги бранеше уште боите на Канзас сити кометс, во 2002 година беше прогласуван за најдобар одбранбен фудбалер, а три години подоцна и за најкорисен играч.

Воедно според американските медиуми Влатко е помеѓу кандидати за преземање на селекторската функција на женската фудбалска репрезентацијата на САД.

Освен тој, на оваа листа се шпекулираат уште неколку имиња за селектор на светскиот женски шампион во фудбал: Лора Харви, Пол Рајли, Стив Свонсон и Марк Крикоријан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close