Македонецот Христо Ковачи со 24 трки во Европа забележа големи успеси

Христо Ковачи имаше прво место во Рехнитц, Австрија/фото: facebook.com/HRISTOKOVACHIRacing

Со извозени 24 трки по тркачките патеки низ Австрија, Италија, Словенија и Србија, Христо Ковачи како најмлад Македонец, оваа година зеде учество во ЦЕЗ (Централна Европа Шампионатот), АМФ (Австрискиот Шампионат) и ССЦ (Спорт Стил Шампионат).

Во Централната европска зона од вкупно 24 натпреварувачи Ковачи е 9-ти, но поради поклопување на датуми, тој учествуваше на шест трки помалку од останатите. Во Австрискиот шампионат се пласираше 6-ти, а освен успехот во Австрија, на Спорт Стил Купот го освои 3-тото место во генерален пласман.

– Оваа тркачка сезона ми беше огромен предизвик како дебитант. Во новата класа на „Мини Макс” бев најмал но направив одлични резултати и успеав да земам неколку подиуми. Особено сум горд на освоеното прво место во Рехнитц, Австрија. Не можам да го опишам чувството кога јас од Македонија со само неколку дена тренинг ќе успеам да ги победам своите конкуренти во нивната матична држава и на стаза која ја тренираат секој викенд – вели талентираниот Ковачи.

Следната година Христо очекува дека ќе помине уште поуспешна сезона и се надева дека ќе биде повеќе време на тренинзи на патеките кои ќе ги вози.

– Сакам да се заблагодарам на моите родители кои секогаш во се што правам се со мене, целата јавност и сите мои следачи и поддржувачи, медиумите, моите другари, Автомобилистичката Федерација и секако Мамас и Агенцијата за Млади и Спорт кој дадоа финансиска поддршка, додаде тој по завршувањето на успешната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот