Македонец обезбеди подиум на Светскиот ТЦР куп: Давидовски со историски успех во Џеда

Виктор Давидовски со „вајлд-карта“ настапи на Светскиот ТЦР куп/фото: facebook.com/pssracingteam

Виктор Давидовски влегува во легендите на македонскиот автомобилизам со нов фантастичен успех во неговата кариера.

Успеа да го освои второто место во втората трка од финалниот Гран-при викенд во рамките од FIA WTCR Светското првенство кој се одржа во Џеда, Саудиска Арабија.

Македонецот кој настапува за „Comtoyou Racing“ се најде на втората позиција со својот Ауди РС3 ЛМС ТЦР со време од 00:32:55.891.

На првото место е Жил Магнус од Белгија, а на третата позиција е Микел Азкона од Шпанија. Сите резултати од трката можете да ги погледнете ТУКА

Претходно на првата трка нашиот возач од вкупно 14 натпреварувачи колку што ја завршија трката дојде до осмата позиција (00:37:12.921).

Давидовски во Бахреин и Саудиска Арабија настапи како возач со „вајлд-карта“.

Видео на денот