Македонците во Албанија реагираат, државата ги претставува како „малцинство на Северна Македонија“

Патоказ за селата Зрноско и Церје во општината Пустец / фото: Giorgos Kiassas / Google Maps

Македонското друштво „Илинден” од Тирана реагира на објавениот плакат на Централната изборна комисија (ЦИК) на Албанија, на кој македонското малцинство е наведено како „национално малцинство на Северна Македонија”.

– Најостро реагираме зашто она што пишува Централната изборна комисија е навреда на достоинството и националниот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија. Како може на плакатот, во рамки на програмата за изборна едукација на припадниците на националните малцинства на јазикот на нивната заедница, да стои ваква катастрофална грешка? Ние сме македонско малцинство или Македонци во Република Албанија, како што сме признати во Законот за заштита на малцинствата, изјави Никола Ѓурѓај од Македонското друштво „Илинден”.

ЦИК за локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај, за првпат во историјата на изборните процеси во Албанија одобри посебна програма за информирање и подигање на свеста на гласачите-припадници на националните малцинства во земјата, меѓу кои е и македонското.

„Нас Македонците нѐ нарекува „национално малцинство на Северна Македонија“, со што никако не се согласуваме и уште утре ќе реагираме до претседателот на ЦИК Илиријан Целибаши“, вели Ѓурѓај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот