Мајсторија на „ГРАНДЕ ПАНДЕВ“, победничко деби на Мота! (ВИДЕО)

twitter.com/MacedonianFooty

Тиаго Мота кој во изминатиот период беше промовиран како нов тренер на клубот од „Луиџи Ферарис“, денеска пред своите навивачи имаше успешно деби на клупата.

Играчите на Џенова славеа против Бреша со 3:1, иако гостите водеа после првото полувреме. Пресвртот се случи во вториот дел, прво Горан Пандев влезе во игра од 58. минута како замена за Лерагер.

Во 66. минута се случи израмнување преку Агудело, па израмни Куаме во 75. минута, а со еден прекрасен погодок во 79. минута конечниот епилог го постави македонскиот репрезентативец за 3:1.

Во осмиот натпревар сезонава нашиот играч успеа да дојде до првиот погодок во дресот на Џенова.

На претходните две денешни средби во Серија А Лече му откина бод на Јувентус (1:1), а нерешено беше и на дуелот Интер-Парма (2:2).

На табелата после вториот триумф сезонава Џенова е на 17 позиција со осум бодови, за четири дена го очекува гостување кај шампионот Јуве.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот